Потпишани договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Bez autora
Aug 29 2012

Министерот за економија Ваљон Сараќини потпишаа седум договори за експлоатација на минерални суровини со генералните директори на „Гранит" Страшо Милковски и на „Бетон" Трајко Трпевски. Компаниите кои ги добиваат овие концесии се избрани на отворен јавен повик врз основа на нивните понуди, кои од страна на стручната комисија се оценети како најповолни. Вкупниот приход од овие седум концесии изнесува близу 70 милиони денари од кои 22 отсто се приход на Буџетот, а 78 отсто ќе бидат исплатени на сметките на општината на чие подрачје се доделува концесијата каде средствата. Парите ќе бидат искористени за финансирање на потребите на општините и за подигнување на квалитетот на животот на граѓаните во тие средини.

Потпишани договори за концесии за експлоатација на минерални суровиниМинистерот за економија Ваљон Сараќини потпишаа седум договори за експлоатација на минерални суровини со генералните директори на „Гранит" Страшо Милковски и на „Бетон" Трајко Трпевски.

„Компаниите кои ги добиваат овие концесии се избрани на отворен јавен повик врз основа на нивните понуди, кои од страна на стручната комисија се оценети како најповолни", рече Сараќини.

Вкупниот приход од овие седум концесии изнесува близу 70 милиони денари од кои 22 отсто се приход на Буџетот, а 78 отсто ќе бидат исплатени на сметките на општината на чие подрачје се доделува концесијата каде средствата.

Парите ќе бидат искористени за финансирање на потребите на општините и за подигнување на квалитетот на животот на граѓаните во тие средини.

„Експлоатацијата на суровини на овие нови локации овозможува 100 - 150 нови вработувања како и ангажирање на помали компании при што концесиите што ги доделуваме ќе значат ангажман на повеќе стотини вработени во помалите компании кои ќе бидат ангажирани како подизведувачи во експлоатација на овие локалитети, на пример во делот на транспортот и другите услуги", изјави министерот Сараќини.

Она што е уште позначајно се долгорочните ефекти што може да се очекуваат од експлоатација на минералните суровини на овие локации бидејќи се неопходни за градежната индустрија која познато е дека е еден од моторите на економски раст.

„Согледувајќи го ваквото значење на искористувањето на минералните суровини, Министерството за економија и понатаму ќе се труди брзо и ефикасно да одговори на потребите на приватниот сектор во овој сегмент, со што би се поттикнале инвестициите и развојот", информира министерот.

До Владата се доставени документи за детални геолошки истражувања на дополнителни 70-80 локации на кои се очекува во најкус временски рок да бидат доделени нови концесии за експлоатација на минерални суровини.

„Каменоломите се крвоток за една фирма како нашата. Тоа е основниот материјал што се употребува и во нискоградби и во високоградби. Би сакале геолошките истражувања да завршат побрзо, најскоро да се спроведе и постапката, да имаме доволно простор за купување нова опрема и за нови вработувања", рече директорот на „Гранит" Страшо Милковски.

„„Бетон" до минатата година се занимаваше со нискоградба. Во меѓувреме купи комплетна опрема за асфалитрање. Сега, со тендерот на кој зема три каменолома, во Дојран, Оризари и Краста, ќе може да го заокружи производниот процес", изјави генералниот директор на "Бетон".

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik